Вардар и Новоматик утре го потпишуваат договорот!

Потврда за светлата иднина која е пред најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот клуб Вардар, е најавата за утрешната прес-конференција (12 часот) на која и официјално ќе биде потпишан најавениот договор со австриската компанија за игри на среќа, „Новоматик“, која ќе ја преземе улогата на генерален спонзор на клубот.

Со ова се очекува да заврши неколку годишниот лош период за црвено-црните, кои две сезони дури играа во Втора лига, а кои годинава прволигашкиот статус го задржаа преку бараж.

Според вестите од преговорите што се водеа изминатиот период велат дека ова е е соработка која ќе донесе насмевка кај армијата навивачи на Вардар, бидејќи води кој остварување на најавите за формирање буџет од неколку милиони евра, што би гарантирало и враќање на шампионските патеки. 

„Новоматик“ е моќна интернационална компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.