Лукман стигна во Анталија, ако ги мине тестовите ќе добие – шестмесечен договор!
Лукман, 27-годишниот Нигериец кој има добро педигре од минатто, како репрезентативец на својата земја, со настапи во француската Лига 1 и во украинскиот гигант Динамо Киев ќе добие шестмесечен договор со опција да се продолжи соработката на уште две години, но вардарци се претпазливи со него, затоа што сè зависи од тестовите и степенот на подготвеност.
Во Вардар немаат дилема во фудбалските квалитети на Лукман, но фактот дека не е во натпреварувачки ритам, но поучени и од претходниот случај кога Бразилецот Густаво Марментини падна на лекарски прегледи поради проблем со срцето на веќе договорен трансфер не сакаат да се истрчаат со дефинитивно потврдување на трансферот. Харуна има 55 настапи во украинското првенство, 44 во Лига 1 како член на Монако, три настапи во ЛШ и 12 настапи во Лига Европа.
Утре во Анталија треба да допатува и поранешниот младински репрезентативец Кларенс Битанг, кој ќе ѝ се приклучи на екипата и со неа ќе дојде во Скопје, за потоа да ги завршат формалносите околу евентуалниот договор. И Лукман, и Битанг се фудбалери од средниот ред, кој треба да ја пополнат дупната која настана со заминувањето на двајцата репрезентативци во изминативе шест месеци, Стефан Спировски (Ференцварош) и Бобан Николов (Видеотон).