Ивановски истрча рекорден маратон во Севиља, ама за малку му „кидна“ олимписката норма!
Ивановски повторно беше одличен, меѓутоа остана „покус“ за само 15 секунди во трката за олимписка норма, сепак останува запишан неговиот нов рекорд.
Претходниот рекорд, исто така, беше поставен од Ивановски кој на 3 декември 2023 година во Валенсија ја заврши трката за 02.11.53.
Нашиот атлетичар со резултатот остварен во Севиља си обезбеди норма за настап на Европското првенство (ЕП) во Рим, кое ќе се одржи во јуни 2024 година.