Горазд Михајлов го напушти Силекс
Трикратниот македонски шампион имаше солидна полусезона и освои 27 бодови кои беа доволни за четврто место во Првата лига, па сега ќе тргне во потрага по нов стратег.
Михајлов претходно работеше како стратег и во други македонски тимови меѓу кои се Борец, Пелистер, Тетекс и други.