Шампионот без поголеми проблеми до деветтата победа по ред
Својата моќ, аеродромци ја покажаа уште во воведната четвртина во која направи предност од 17 поени разлика (24-7). Во вториот квартал МЗТ Скопје го достигна и највисокото водство (36-13), на што Кожув одговори со серија од 14-0 и се врати на едноцифрена негатива.
Тоа не влијаеше многу врз расположението на домашниот тим кој остана на сигурна оддалеченост од противникот и предноста ја сочува до крај. На седум минути пред последниот звук на сирената отиде на +19, јасно беше дека ќе ја продолжи победничката серија.
Војдан Стојановски со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а Ворку и Баковиќ остварија дабл дабл. Слејтер заврши како прв стрелец на гевгелискиот тим со 14 поени. Ова беше деветти триумф по ред за шампионот кој останува со само еден пораз сезонава, доживеан во третото коло од Пелистер. Освен тоа, со оваа победа МЗТ Скопје го обезбеди првото место на табелата на крајот од годината