Италија во свој стил до ЕП 2024, Украинците не добија чист пенал во 93. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Италија дојдоа до посакуваната цел на вечерашното гостување во Леверкузен, откако дојдоа до посакуваниот бод вреден пласман на ЕП 2024 во пресметката против Украина (0-0).

Италијанците со ваквиот епилог дојдоа до втората позиција во групата во која е и Македонија, зад Англија која од претходно го имаше осигурено првото место. „Аѕурите“ апсолутно заслужено дојдоа до резултатот кој им одговараше, бидејќи беа поблиску и до победата со оглед на дури 17 шутеви упатени кон противничкиот гол. Тие имаа една голема шанса во 30. минута Давиде Фратези, чиј шут украинскиот голман одлично го одбрани. Украинците, сепак, може да жалат за пропуштената шанса, особено по сомнителната ситуација во 93. минута, кога судијата не досуди чист пенал врз Мудрик.

Италија и Украина по осумте кола завршија со по 14 бодови, но „аѕурите“ се подобри во меѓусебните пресметки поради што го прославија настапот на следниот континентален собир. Вечерва ќе се слави и во Словенија, која со триумфот над Казахстан (2-1) обезбеди пласман на ЕП и тоа по пауза од 24 години. Се радуваат и во Чешка, чија репрезентација со убедливата победа над Молдавија (3-0) влезе во друштвото на најдобрите.

РЕЗУЛТАТИ: Албанија - Фарски острови 0-0, Чешка - Молдавија 3-0, С. Марино - Финска 1-2, С. Ирска - Данска 2-0, Словенија - Казахстан 2-1, Англија - Македонија 1-1, Украина - Италија 0-0.