Севилја без милост го наполни голот на Алмерија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севилја вечерва беа подобри од Алмерија со 5-1 за втора победа во шпанската Ла Лига и така скокнаа до 11. место на табелата.

Екипата од Андалузија имаше фуриозен почеток на натпреварот во кој постигна два гола преку Ен Незири и Лукебакио до осмата минута, а потоа Сусо се запиша во листата на стрелците пред полувреме.

Ламела ја продолжи агонијата на гостите во 51. минута кога погоди за 4-0, а потоа Суарез намали на 1-4. Тоа не ја натера Севилја да се опушти во завршницата, па постигна и петти гол за конечни 5-1.

Севилја има седум бодови на 11. место на табелата, додека Алмерија е последна со два освоени бода.