Фудбалот стана бизнис: Платил 20.000 евра за синот да му заигра за третолигаш
Третолигашот го регистрирал 22-годишниот Мартин Подхајски, кој никогаш во животот не играл фудбал, а причина за тоа е неговиот богат татко кој платил 20.000 евра.
„Никогаш не играл фудбал во живот, туку само на видео-игрите. Од друга страна, ни се отвори можност да заработиме 20.000 евра. Ако некој ми понуди толку пари, веднаш ќе му дадам шанса“, кажал првиот човек на тимот.