Муслиу ја дозна казната по црвениот картон на дебито за Падерборн (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу не се прослави на дебито за Падерборн бидејќи доби црвен картон по осум минути игра против Гројтер Фирт (0-5).

Дисциплинската комисија го суспендира Муслиу на три натпревари поради опасниот старт со кој го повреди Арминдо Зиб.

Муслиу ќе ги пропушти дуелите против Оснабрик и Фортуна Диселдорф во првенството, како и против Енерџи Котбус во Купот.

Видеото може да се погледне ТУКА.