ФФМ му врачи отказ на Боби Милевски!?
Според информациите, членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот.
Спорт 1 се обиде потврда за оваа информација, која сѐ уште е неофицијална, да добие од првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, но тој беше недостапен за коментар.
Милевски ја презема македонската селекција во август 2021 година после настапот на црвено-жолтите на Еуро 2020, со „проект 2024“ и нов настап на Македонија на континенталниот шампионат.
Под негова палка Македонија играше мундијалско бараж финале, по чудото во Палермо со победата против Италија, но сѐ потоа беше сериозно назадување на националниот, а желбите и најавите дека пак ќе играме на Европско се речиси невозможни за остварување.
Наводно, странски тренер се очекува да биде нов кормилар на Македонија.