Помошникот на Милевски: Украина не ја заслужи победата!
Тој по средбата го искажа своето мислење, во кое најмногу „боде очи“ оценката дека противникот незаслужено дојде до трите бода на скопската Арена.
„Честитки за фудбалерите на Украина, но победата не им е заслужена. Одигравме две различни полувремиња, се работи за менталитетот на играта, за терминот кој не ни одговра. Им честитам на момците, одигравме тактички зрело во првиот дел, а во второто полувреме имавме проблем со физичкиот дел и на тоа се должи падот во играта. За да се одигра високо на овој ранг треба да имаме фудбалери кои играат во своите клубови, тоа што нашите играчи немаат голема минутажа во своите клубови очигледно влијаеше. Овој натпревар заврши, сега мислите ни се кон следниот меч. Секако дека ќе има промени во составот за дуелот со Англија по црвениот картон на Муслиу. Таму нема што да загубиме, одиме да се надигруваме, па ќе видиме што ќе испадне“, изјави асистентот на сер Боби.
Македонија следниот квалификациски меч го игра в понеделник против „Гордиот Албион“ на легендарниот „Олд Трафорд“ во Манчестер.