Семејството е веќе собрано: Пеле пред пораз во најважниот меч во животот!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, најверојатно ги минува последните денови, а можеби и часови, откако од болницата во која се наоѓа подолг период доаѓаат вести за прогресија на болеста.

Тој се наоѓа на посебна нега повеќе од 20 дена, откако беше соопштено дека има сериозна прогресија на ракот на дебелото црево, чие лекување е отежнато со дисфункција на преостанатиот бубрег и на срцето. Една од ќерките на Пеле најави дека нејзиниот татко сигурно ќе остане во болница за време на божиќните празници, а бразилските медиуми шпекулираат дека многу роднини кои живеат ширум светот почнале да се собираат во татковината бидејќи сакаат да се простат од кралот на фудбалот.

Според некои извори, тој повеќе не може да зборува, а поради деликатната ситуација, веќе почнаа шпекулациите за тоа како треба да изгледа националното збогување во Бразил. Планот е прво да се одржи интимно бдение за семејството, по што стадионот Сантос ќе биде отворен за јавноста, каде што сите фудбалски вљубеници ќе може да се збогуваат со големиот Пеле.