Французите пратија протестна нота со Аргентина за навредите на Мартинез кон Мбапе!
Мартинез кој после победата на пенали дури се обиде да го утеши Мбапе, потоа направи низа скандали, прво при славјето во соблекувалната кога повика на „минута молк за Килијан“, а потоа на шампионската парада носеше кукла со ликот на ѕвездата на ПСЖ.
Ле Гаре во писмото посочил дека е недозволиво вакво недолично однесување и ненормално искажување на облик на омраза, потенцирајќи дека Мбапе со своето однесување после загубеното финале покажал вистински пример како треба секој да се однесува.
Ле Гаре за француските медиуми објавил и дека е поведена истрага за расистичките навреди што Кингсли Коман и Орелиен Чуамени ги добиле на социјалните мрежи откако двајцата ги утнаа пеналите во рулетот, па морале на своите профили да ги исклучат опциите за коментари поради безбројните навреди.