Бразилка снимила порно на стадион во Сао Паоло за да го најави СП во Катар
Ману го снимила порно-филмот на стадионот „Бринко де Оро“ во регионот Кампињас, дом на второлигашот Гуарани, а видеото има наслов „Подготвени за Мундијалот 2022“. И откако се појавил на низа страници, Гуарани започна истрага како да станува збор за најголем криминал.
Бидејќи влегла со снимател без дозвола, а на трибини можела само во придружба на вработен во клубот, Гуарани сега истражува како воопшто успеала во тоа, дали некој од вработените ѝ дал дозвола, па се прегледуваат безбедносните камери на стадионот, ама и од градот за да се најде виновникот.
„Отворена е истрага откако дознавме за видеото и се бараат сторителите кои ќе одговараат. Преземени се сите мерки за да се најдат виновниците“, објави Гуарани.