Најубавата кошаркарка пак ќе игра за репрезентацијата на Македонија!

Само неколку средби ѝ требаа на Едина Муса, неофицијално најубавата кошаркарка во нашата држава, да се најде на поширокиот список на репрезентацијата на Македонија за претстојните средби од квалификациите за ЕП 2019.

Кошаркарката на Вардар го пропушти првиот дел од сезоната поради подготовка за настап на Светското првенство (СП) во фитнес, каде што заврши како девета, но неодамна ѝ се врати на првата љубов што беше доволна причија селекторот Марјан Лазовски да ја има на ум за дуелите кои следниот месец ќе ги одиграме против Хрватска и против Италија. Тој на располагање ќе има и две интернационалки, Криси Гивенс и Ешли Парис како и уште 12 девојки кои настапуваат во странство.

На списокот е и нашата најдобра кошаркарка, Јелена Антиќ, која сепак тешко дека ќе може да настапи со оглед што се рехабилитира од операцијата по повредата на вкрстените лигаменти во коленото. Против Хрватска ќе играме во салата „Борис Трајковски“ на 10 февруари додека четири дена подоцна ќе ѝ гостуваме на Италија. Ова се средби за пласман на континенталниот собир кој ќе се игра во Летонија и во Србија.

ПОШИРОК СПИСОК НА СЕЛЕКТОРОТ ЛАЗОВСКИ

Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност)

Ана Тантуровска (Олимпијакос Волос)

Александра Стојановска (Бадел 1862)

Софија Лазареска (Бадел 1862)

Нена Трајчевска (Бор)

Ивана Кметовска (БАМП Попрад)

Јована Петрушевска (Вардар)

Цветанка Димова (Бадел 1862)

Анамарија Шеќероска (Струга 2009)

Едина Муса (Вардар)

Славица Наков (Вардар)

Кристина Јаневска (Вардар)

Јелена Антиќ (Висла Кенпак)

Ивона Кожобашиовска (Мерцедес Алжеро)

Матеа Николиќ (Стела Азура)

Сандра Лазареска (Бадел 1862)

Тијана Митрева (Мерцедес Алжеро)

Ивона Пејковска (Вардар)

Снежана Серафимоска (Небраска Колеџ)

Драгана Петковска (Њубери Колеџ)

Ива Крстевска (Њуман Колеџ)

Криси Гивенс (Авенида)

Ешли Парис