
Летонија ја растури Литванија за петто место на СП
Летонија доминираше на паркетот од самиот почеток, иако Литванија даде отпор во првите 10 минути (20-28).
Литванија се обиде да ја врати неизвесноста, но на паузата Летонија замина со +11 (49-38), по што во вториот дел од мечот целосно го распарчи противникот (98-63).
Најефикасен во победата беше Артурс Курус со 20 поени, додека Јокубаитис запиша 16 поени за Литванија.