Судиите спасуваа жива глава во „Пионир“ (ВИДЕО)

Мајсторката помеѓу Црвена Звезда и Партизан е прекината поради тоа што судиите беа нападнати со тврди предмети од трибините во салата „Пионир“. 

Тие едвај спасија жива глава, бидејќи беа „бомбардирани“ од навивачите на Звезда па мораше да реагира и обезбедувањето. Резултатот беше 39-39 пред прекинот на стартот на вториот дел.

Натпреварот веќе 15 минути е во прекин и се празни салата. Кога нема да има навивачи ќе продолжи натпреварот, кој решава за титулата во АБА и со тоа и пласманот во Евролигата следната сезона.