Срамни сцени во Белград, судиите и кошаркарите на Ц. Звезда се вратија, но не и тие на Партизан!

Вториот меч од финалната серија меѓу Партизан и Црвена звезда се претвори во тотална конфузија која заврши со тежок дебакл, се чини дека црвено-белите службено ќе го добијат мечот и ќе станат шампиони.

Мечот беше прекинат на почетокот од второто полувреме при водство на Партизан од 57-45. Причина за прекинот беа навредите од публиката кон кошаркарите и раководството на Црвена звезда.

Атмосферата стана уште пожешка, навивачите почнаа да фрлаат предмети кон клупата на Звезда, по гостинските кошаркари се повлекоа од теренот.

Од судиите беше побарано салата да биде испразнета, на што негодуваа од таборот на Партизан. Нивните навивачи бараа од клубот да не го доигра мечот ако тие си заминат.

Првите информации беа дека натпреварот ќе се доигра утре пред празни трибини, но очигледно тоа не беше точно иако кошаркарите на Партизан веќе се спакуваа.

Црвена звезда излезе на теренот заедно со судиите, а информациите велат дека повеќе од половина кошаркари на Партизан веќе биле дома. Клубот одлучил да не излезат и да не го доиграат мечот без своите навивачи.

Откако измина времето предводено за чекање на кошаркарите на Партизан, судијата досуди крај на мечот.

Во текот на утрешниот ден натпреварот треба да биде регистриран, веројатно службено за Црвена звезда, по што ќе бидат прогласени за шампиони.