Хаос пред дуелот со Звезда: Кошаркар молел за „спас“ откако тимот си заминал без него (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда вчера ја совладаа екипата на Слован Братислава (91-80) во меч од АБА лигата, но самиот натпревар остана во сенка на една несекојдневна и комична ситуација која се случи во таборот на гостинскиот состав.

Поради невнимание, словачкиот тим го остави својот кошаркар Тревион Блуиет заклучен во соблекувалната, а за неговото отсуство соиграчите и стручниот штаб дознале дури подоцна, откако им заѕвонил мобилниот телефон. Невообичаениот инцидент се случил за време на утринскиот тренинг пред натпреварот во Белград. Откако останатиот дел од екипата ја напуштил просторијата, Блуиет останал последен, по што вратата била по грешка заклучена однадвор. Сфаќајќи дека не може да излезе, кошаркарот веднаш испратил порака во заедничката групна конверзација на апликацијата „Ватсап“ за да ги алармира своите соиграчи.

„Ме заклучивте во соблекувалната! Може ли некој да дојде по мене?“, напиша Блуиет во тимската група.

Оваа бизарна ситуација набрзо стана хит и предизвика лавина од шеговити коментари на социјалните мрежи.