Требаше да биде дерби, а Клиперс го растурија Далас (ВИДЕО)

Серијата меѓу Лос Анџелес Клиперс и Далас е означена како најинтересна во првата рунда од НБА плејофот поради израмнетиот квалитет на двете екипи, но ако се суди по првиот меч, тимот од Калифорнија лесно ќе излезе на крај со својот ривал.

Клиперс веќе водат со 1-0 по синоќешниот триумф со 109-97, но конечниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот. Домаќинот на овој меч можеше да слави многу поубедливо бидејќи почнувајќи од втората четвртина постојано беше во убедлива предност која во третата четвртина изнесуваше и 29 поени разлика. Дури во последниот квартал, кој го доби со 33-22, Далас успеа да симне под 20 и да се избори за пристоен пораз во воведниот меч.

Бадијала гостите ги имаа најефикасните играчи на натпреварот, Дончиќ постигна 33, а Ирвинг 31 поен, кога Клиперс беше силен како колектив. Најмногу се истакна Џејмс Харден со 28 поени, вклучувајќи шест тројки, но на ниво беше и Џорџ со 22, а триумфот е остварен без Кавај Ленард кој не играше.

Интересно е тоа што сите осум екипи кои беа домаќини во првите натпревари од плејофот остварија победи и поведоа со 1-0.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Мајами 114-94
ЛА Клиперс - Далас 109-97
Милвоки - Индијана 109-94
Оклахома - Њу Орлеанс 94-92