Судиите признаа дека ги оштетиле Лејкерс во дербито со Бостон (ВИДЕО)

Судиската организација на НБА-лигата ја призна грешката која беше направена во дербито меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Бостон селтикс.

Сите останаа во шок, откако судиите не досудија прекршок над Леброн Џејмс во последната секунда од натпреварот.

Во последниот напад Леброн тргна да постигне поени, по што доби удар од Џејсон Тејтум, а потоа „кралот“ буквално се трескаше од земја како мало дете поради одлуката на судиите.

„Постоеше контакт. За време на мечот не го забележавме тоа. Како и сите, така и судиите прават грешки“, соопштија од организацијата.