Попович оди во пензија, ќе го замени - жена?

Американските медиуми објавија дека искусниот тренер Грег Попович најверојатно по последен пат го предводи Сан Антонио спарс затоа што на крајот на сезоната планирал да ја заврши кариерата.

Попович има договор до 2023 година, а американските медиуми пишуваат дека би можел кариерата да ја заврши порано од предвиденото, со тоа што како негова замена се споменува Беки Хaмон како фаворит за таа позиција и прв женски тренер во НБА-лигата, но и Тим Данкан и Ману Џинобили.