
Нов удар за Денвер: Уште една ѕвезда го напушта Колорадо!?
Весбтрук го засили тимот од Колорадо на крајот на јули по две сезони поминати во Лос Анџелес Клиперс, но сега повторно би можел да го промени тимот.
Американските медиуми пишуваат дека малата минутажа на Вестбрук против Сакраменто кингс само го најави заминувањето на искусниот кошаркар на крајот на сезоната.
Искусниот кошаркар има договор со Денвер на уште една сезона, а засега не е познато каде би се преселил по заминувањето од Колорадо.