Не е само Далас - и Мајами победи со звукот на сирената (ВИДЕО)

Синоќешниот меч на Далас и Денвер ги воодушеви љубителите на кошарката поради извонредно возбудливиот финиш, но тој не беше единствен кој се решаваше на таков начин.

Победа со кош во последната секунда оствари и Мајами Хит кој го погоди Детроит со 104-101, благодарение на тројката на Бам Адебајо. Тој беше и еден од најдобрите играчи на гостинскиот тим, постигнувајќи дабл-дабл со 20 поени и 17 скока. Мајами си ја искомплицира ситуацијата бидејќи во третата четвртина водеше со 17 разлика, за на крајот да го решава мечот во последниот напад.

Фурние беше најефикасен кај Детроит со 18 поени, Канингем додаде 17, а Фонтекио уште 13.

Мајами со оваа победа остана во игра за шестата позиција во Источната конференција бидејќи заостанува еден триумф зад Индијана, додека Детроит и натаму е втор најлош тим во лигата.

РЕЗУЛТАТИ
Милвоки - Феникс 140-129
Детроит - Мајами 101-104
Далас - Денвер 107-105
Орландо - Торонто 111-96
Вашингтон - Бостон 104-130
Сан Антонио - Бруклин 122-115
ЛА Клиперс - Атланта 93-110