На Дончиќ не му се веруваше: Ирвинг за победа со најлудиот хорог - преку Јокиќ (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа вечерва екипите на Далас и Денвер во раниот термин од неделната НБА програма.

Славеше Далас со 107-105, а кошот за победа го постигна Кајри Ирвинг со звукот на сирената. За начинот на кој го направи тоа ќе се зборува уште долго бидејќи ветеранот погоди хорог од линијата за слободни фрлања и тоа преку Никола Јокиќ со истекот на времето. За неговиот потег, најдобро зборува реакцијата на Лука Дончиќ кој не можеше да верува што направи неговиот соиграч.

 

 

Претходно, Денвер се наоѓаше во добитна позиција бидејќи на половина минута пред крајот водеше со 105-102, по тројката на Џамал Мареј. Во следниот напад, Дончиќ врати од голема далечина, а потоа Денвер не успеа со кош да ја заврши својата акција, па на домашниот тим му останаа околу три секунди. Целото внимание на Нагетс беше насочено кон Дончиќ, а тоа му отвори простор на Ирвинг кој ја искористи можноста да му донесе победа на својот тим.

 

 

Дончиќ, сепак, беше најдобар играч на мечот со 37 поени и 9 скока и покрај тоа што извесен период помина во соблекувална поради повреда. Ирвинг постигна 24 поени, еден повеќе од најдобриот стрелец на Денвер, Џамал Мареј. Никола Јокиќ не беше на своето ниво и покрај тоа што малку му недостасуваше за трипл-дабл - 16 поени, 11 скока, 7 асистенции.