
Лука Дончиќ првпат немаше поени на меч во НБА - се повреди (ВИДЕО)
Словенечниот кошаркар се повреди во втората минута од мечот откако згазна на ногата на противник и го свитка скочниот зглоб. Дончиќ веднаш замина во соблекувалната и веќе не се врати на паркетот.
Далас и без својата главна ѕвезда стигна до победа од 99-95, во негово отсуство истапи Динвиди кој постигна 36 поени, имаше и девет асистенции. Во составот на Феникс Џонсон и Пол постигнаа по 22.
Резултати:
Бостон - Њујорк 117:120
Бруклин - Детроиот 122:130
Шарлот - Чикаго 111:96
Хјустон - Кливленд 95:113
Феникс - Далас 95:99
ЛА Клиперс - Сан Антонио 138:100