Лука Дончиќ ги навреди Албанците, па веднаш им се – извини (ВИДЕО)

Најспектакуларниот млад кошаркар во моментов во НБА-лигата, Словенецот Лука Дончиќ, неочекувано го навлече гневот на голем број Албанци кои го следат на социјалните мрежи, откако невнимателно објави видео од навивачите на Црвена звезда во кое се слушаат навреди кон албанскиот народ.

Причина поради која кошаркарот на Далас маверикс го објави ова видео беше реакцијата на сестрата на играчот на црвено-белите, Чарлс Џенкинс, на неверојатната атмосфера во салата во Белград. Но, Дончиќ не ги слушнал и навредливите слогани на видеото, поради кои беше критикуван од голем број следбеници.

„Се извинувам поради видеото кое го објавив. Навистина не ги забележав грдите зборови кои се искажуваат. Никогаш намерно не би објавил такво нешто“, напиша Дончиќ на Твитер.

Реакциите на оваа објава се позитивни, односно извинувањето беше прифатено, додека Словенецот веднаш го повлече постираното видео.