
Лоша вест за „воините“: Кари е потешко повреден, ќе го пропушти од олстар-викендот!
Шутерот на Голден стејт вориорс се повреди на вчерашната средба на овој тим и иако првично се сметаше дека не е ништо лошо, снимката со магнетна резонанца покажала делумно скинати лигаменти и набиена потколеница. Тој ќе треба да мирува неколку недели, што значи дека ќе пропушти и поголем број средби на „воините“.
Засега не е познато кој ќе го замени во мечот на сите ѕвезди, во кој ќе се сретнат тимот на Леброн Џејмс и тимот на Јанис Антетокумпо, кои добија најголем број гласови од навиачите.