Лош почеток за Мајами: Бостон го доби првиот меч во плејофот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс беа подобри од Мајами хит со 114-94 во првиот меч од плејофот во НБА-лигата.

Мајами издржа само во првите 12 минути, кога му парираше на ривалот, но потоа Бостон влезево одлична серија и на момент водеше со +32.

Најефикасен во победничката екипа беше Џејсон Тејтум со 23 поени, 10 скокови и 10 асистенции, додека Бам Адебајо постигна 24 поени за Мајами.