Лос Анџелес им припаѓа на Клиперс, Ембид игра како во најдобрите денови (ВИДЕО)
Лејкерс се заканија со мега пресврт, заостануваа со 26 поени, се чинеше дека сè ќе биде решено пред да започне четвртата четвртина, но успеаја да се доближат на само два поена негатива. За нивна жал, немаа сила за голем пресврт.
Неочекуваниот херој на Клиперс беше Џон Колинс, кој погоди тројка на 42 секунди пред крајот, по асистенција на Ленард и со тоа го запечати натпреварот. Клиперс до победата ги предводеа Кавај Ленард со 24 поени, Џејмс Харден со 18 поени, седум скока и десет асистенции и Ивица Зубац со 18 поени и 19 скока.
Кај Лејкерс најдобар беше Лука Дончиќ со 32 поени, 11 скока и осум асистенции, Леброн Џејмс додаде 23поени, а Руи Хачимура 12. Лејкерс со овој пораз падна на шестата позиција во Западната конференција, додека Клиперс се зацврстија на десеттото место, последно кое води во плејинот.
Во врвна форма во последно време игра американскиот репрезентативец Жоел Ембид кој потсетува на неговите најдобри денови, кога беше прогласен за МВП на лигата. Иако имаше помош од Макси, центарот оствари трипл дабл со 32 поена, 15 скока и 10 асистенции и на тој начин го анулира фантастичниот Кевин Дурант кој го заврши натпреварот со 36 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Шарлот 97-124
Филаделфија – Хјустон 128-122
Вашингтон – Денвер 97-107
Далас – Голден Стејт 123-115
Минесота – Чикаго 115-120
Јута – Сан Антонио 109-126
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-104
Портланд – Мајами 127-110