Кошаркар на Оклахома ќе стане сопственик на германски клуб

Кошаркарот на Оклахома сити тандер, Денис Шродер на 1 јули ќе стане газда на германскиот клуб Брауншвајг. Ѕвездата порасна токму во тој град и сега сонот му е да го преземе кошаркарскиот клуб.

Шродер настапуваше во клубот пред осум години, а сега кажа дека е среќен што конечно ќе стане сопственик.

„Среќен сум што ќе станам газда на Брауншвајг. Тоа е мој роден град и сакам да им донесам нешто убаво. Убеден сум дека ќе создадеме врвен тим. Им благодарам на сите што останаа покрај нас“, кажа Шродер.

Шродер сезонава во НБА-лигата постигнуваше во просек по 19 поени и четири асистенции на натпревар.