
Кошаркар на Филаделфија има уникатно хоби – собира пасоши!
Родениот Камерунец пред неколку месеци официјално стана државјанин на Франција, за која сака да настапи на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, а од пред неколку дена е државјанин и на САД. Клучен во овој процес бил неговиот син.
„Мојот син е Американец, а јас во САД се чувствувам како дома и како благословен што можам да бидам дел од оваа држава, па си реков: Зошто да не?“, изјави Ембид.
Камерунецот со дополнително француско и американско државјнаство настапува во НБА од 2014 година кога на драфтот го избраа „сиксерси“, чиј дрес и понатаму го носи.