Кливленд летово ќе прави целосен ремонт на екипата

Кливленд кавалирс се подготвени да направат целосна реконструкција на екипата, по неуспехот во финалето против Голден стејт и може да очекуваме дека најголемата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс ќе замине летово.

„ЕСПН“ пишува дека доколку тоа се случи, Кливленд ќе го реконструира и останатиот дел од тимот, а Кевин Лав е прв на листата за отстрел.

Исто така, се очекува и добар дел од екипата да го напушти Кливленд и во наредната година би можеле да видиме сосема поинаков тим од моменталниот.

Инаку, за иднината на „кралот“ се шпекулираше во последниот период, а како главни фаворити за неговиот потпис се Лос Анџелес лејкерс и Хјустон рокетс.