Јокиќ на мечот со Лејкерс пристигна како негативец од цртан филм, тоа не беше случајно! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше фантастична партија против Лејкерс и го предводеше својот тим до стартна победа во плеј-офот, но многу реакции предизвика и неговиот аутфит со кој дојде на натпреварот.

Јокиќ беше облечен како негативецот Гру од цртанот Despicable Me. 

Ова не беше случајно, српскиот кошаркар учествува во трејлерот за новото продолжение на овој цртан, па се претпоставува дека неговото вчерашно појавување со овој имиџ е дел од кампања за цртанот.