Џордан донираше два милиони долари на „банки за храна“

Американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан донирал два милиони долари заработени од продажба на правата на документарната серија „Последниот танц“ на банките со храна.

Џордан решил да им помогне на тие на кои им е најпотребно во период кога владее пандемијата на коронавирусот, која остави многу луѓе без работа во Америка.

„Во овие лоши времиња предизвикани од ковид-19, поважно е од било кога да застанете и да се заблагодарите. Горд сум на тоа што ја донирам дополнителната заработка од документарната серија на банките со храна во Америка“, соопшти поранешниот кошаркар.