„Џиџи сигурно ќе станеше најдобра кошаркарка на светот, но...“

Ванеса Брајант ја започна комеморацијата за Коби и Џијана и одржа потресен говор за својата почината ќерка.

Таа зборуваше за сите особини на Џиџи, како на теренот, така и на училиште. Ванеса е уверена дека нејзината ќерка ќе беше најдобрата кошарка во женската НБА-лига.

„Џиџи имаше натпреварувачки карактер како нејзиниот татко, но таа имаше посебна насмевка, која беше како сончеви зраци. Нејзината насмевка го заземаше целото нејзино лице исто како мојата. Коби секогаш велеше дека Џиџи е како мене. Го имаше мојот оган, личноста, сарказмот и имаше фантастична насмевка. Беше заразна, чиста и оригинална. Коби и Џијана природно гравитираа еден кон друг. Таа го имаше неговиот талент да слушне песна и веднаш да ги запомни стиховите. Тоа беше нивниот таен талент. Таа беше фантастичен спортист, беше одлична во гимнастика, фудбал, бејзбол, играше и секако кошарка. Џиџи беше самоуверена, но не арогантна. Сакаше да помага, па дури им се понуди на тренерите на машкиот тим во училиште да им даде совети за да победуваат, како нападот „триаголник“. 

„Никогаш нема да ја видам мојата ќерка како оди по олтарот на нејзината свадба. Никогаш нема да го видам танцот на таткото и невестата. Знам дека таа ќе беше прекрасна мајка, имаше таков инстинкт. Џиџи веројатно ќе станеше и најдобриот играч во ВНБА. Ќе направеше голема разлика за женската кошарка. Сакаша да им го смени мислењето на луѓето како ги гледаат жените во спортот. Те сакам Џиџи“, заврши Ванеса Брајант.