Дабл-дабл за Дончиќ во поразот на Далас, Ембид постигна 46 поени против Голден Стејт (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повторно имаше солиден настап за Далас маверикс, но неговата екипа загуби од Шарлот со 109-117, додека Џоел Ембид блесна со 46 поени, но Филаделфија загуби од Голден Стејт со 112-120.

Словенецот постигна 34 поени, 10 скокови и осум асистенции, но Далас загуби од вториот најлош тим во лигата, и тоа пред домашните навивачи, а пресудно беше тоа што гостите во текот на првото полувреме создадоа големо водство, кое Далас не можеше да го стигне во вториот дел од мечот.

Кошаркарите на Филаделфија загубија од Голден Стејт со 112-120, но резултатот паѓа во сенка на неверојатниот Ембид, кој е главен кандидат за МВП заедно со Никола Јокиќ.

Ембид постигна дури 46 поени, девет скокови и осум асистенции за 38 минути поминати на паркетот, но тоа не беше доволно за да ги запре „воините“, каде што блеснаа Џордан Пул со 33 поени и Стеф Кари со 29 поени.

Мечот беше решен во третата четвртина во која Филаделфија беше катастрофална и постигна само 24 поени, додека Голден Стејт запиша дури 41 поен.

Останати резултати:

Бостон – Индијана 120-95
Вашингтон – Сан Антонио 136-124
Торонто – Детроит 118-97
Мемфис – Хјустон 151-114
Јута – Милвоки 116-144
Портланд – Чикаго 96-124
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома 116-111