Цеца „грми“ на тренинг на Далас додека Дончиќ и Ирвинг се натпреваруваат во шутирање тројки (ВИДЕО)

Расположението во тимот на Далас Маверикс очигледно е на завидно ниво пред почетокот на плејофот во составот од Тексас влегува со високи амбиции.

На социјалните мрежи е објавена снимка од еден од тренинзите на екипата на која се гледа како Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се натпреваруваат во шутирање тројки од аголот, а интересна е музичката позадина. 

Во салата во која тренира Далас може да се слушне како ечи песна од српската фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ која очигледно е добра инспирација за Дончиќ, па Словенецот триумфираше во пресметката со својот соиграч.