
Браун блесна со 40 поени: Бостон поведе со 2-0 против Индијана (ВИДЕО)
Предводени од Џејлен Браун, кој го израмни својот личен плеј-оф рекорд од 40 поени, Селтикс целосно ја искористија предноста на домашниот паркет на првите две средби. Џејсон Тејтум и Дерик Вајт имаа по 23 поени за домашниот тим, додека Џру Холидеј имаше 15 поени со 10 асистенции.
Паскал Сијакам имаше 28 поени за Пејсерс, а Тајрис Халибартон реализираше само 10 поени со осум асистенции, но мораше да го напушти натпреварот во третиот период поради повреда.
Следните два натпревари од финалната серија на Истокот се играат во Индијанаполис.