За пет часа се продадоа сите билети за фајнлфорот во Евролигата

Кошаркарскиот фајнлфор во Евролигата ќе се игра пред преполни трибини годинава во Каунас (Литванија), откако за само пет часа се распродадоа сите билети за завршницата во трката за европската круна.

Салата во Каунас каде ќе се игра фајнлфорот собира 15 илјади гледачи, а вчера билетите беа пуштени во претпродажба и беа разграбани, па денеска за пет часа комплетно беше распродадено сѐ, како најава дека ќе има спектакл и на трибините и на теренот во битката за европската титула.

Од комплетниот капацитет, Евролигата задржа по 600 билети за секој од четирите тима кои ќе обезбедат фајнлфор и тие ќе им бидат распределени на клубовите за да ги поделат меѓу своите навивачи.

Ф4 во Евролигата е закажан за 19 мај со полуфиналињата, односно 21 мај со финалето и мечот за трето место.