Три евролигаши располагаат со повеќе пари од Ц. Звезда и Партизан – заедно!
Од тимовите во регионот, Партизан сезонава ќе потроши околу 20.000.000 евра со што е дури на 11. место, на кое е изедначен Анадолу Ефес, кого го совлада синоќа во одличната атмосфера на белградска Арена. Црвена звезда, пак, ќе потроши 15,8 милиони евра, со што се подобро само од Жалгирис и Алба Берлин.
Најголем буџет сезонава во Евролигата има Реал Мадрид, што и го оправдува со првото место на табелата. Кралскиот клуб и актуелен европски шампион е единствениот клуб што троши повеќе од 40 милио евра, додека огромните инвестиции во Панатинаикос ги ставија „зелените“ од Атина на второто место со буџет од 35 милиони евра. Армани џинс, пак и Асвел се единствените што потрошените пари не ги оправдуваат со добри резултати, а спротивни примери се Виртус од Болоња и Басконија.
СИТЕ БУЏЕТИ НА ЕВРОЛИГАТА ЗА СЕЗОНАТА 2023/24
Реал Мадрид 42.000.000
Панатинаикос: 35.000.000
Олимпија Милано: 33.000.000
Монако: 27.500.000
Барселона: 26.000.000
Фенербахче: 25.000.000
Баерн Минхен: 24.500.000
Макаби Тел Авив: 22.300.000
Олимпијакос: 22.000.000
Асвел: 21.000.000
Анадолу Ефес: 20.000.000
Партизан: 20.000.000
Валенсија: 18.000.000
Виртус Болоња: 16.000.000
Басконија: 16.000.000
Црвена звезда: 15.800.000
Алба: 15.000.000
Жалгирис: 13.000.000