Шортс еден од најдобрите во новата победа на Париз во Евролигата

Кошаркарите на Париз запишаа минимален триумф од 67-65 во натпреварот против Басконија во седмата рунда во Евролигата.

За тимот на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс ова беше трета победа во низа во елитното натпреварување. Шортс беше помеѓу најдобрите поединци на паркетот и натпреварот го заврши со девет поени, пет асистенции и четири скока.

Ист број на поени со нашиот репрезентативец постигнаа Хифи и Вард, а по еден повеѓе Јантунен и Ло. Најефикасен со учинок од дабл-дабл со 19 поени и 12 асистенции беше Чиме Монеке.

Во останатите натпревари, Жалгирис беше подобар од Монако, додека Баерн на гости кај Асвел забележа триумф од 71-84.