
Партизан ја победи Алба, Црвена звезда загуби кај Баерн (ВИДЕО)
Со импресивна игра во третата четвртина која ја доби со 35-9, Партизан дојде до триумф против Алба која е последнопласирана во Евролигата. Германците беа одлични во првиот дел кој го добија со 44-42. Но црвено-црните запнаа само десет минути и го решија мечот.
Аврамовиќ со 19 поени беше најефикасниот кошаркар кај Партизан, Ло постигна 17 за Алба.
Втората српско-германска пресметка ја добија Германците, Баерн ја совлада Црвена звезда со 87-80 благодарение на одличната последна четвртина од мечот.
Во последните десет минути Црвена звезда влезе со предност од 56-52, и одлично почна во тој последен период, имаше предност и од девет разлика 75-66, но потоа српскиот тим се укочи, постигна само уште пет поени до крајот, Баварците влегоа во серија и победија со 87-80.
Резултати: Барселона - Жалгирис 93-74, Баерн - Црвена звезда 87-80, Панатенаикос - Анадолу Ефес 82-87, Монако - Макаби Тел Авив 86-67, Партизан - Алба 88-74.