Нова понуда за Евролига, сега од Абу Даби - 75 милиони евра за организација на Ф4

Влезот на Обединетите Арапски Емирати во европската кошарка со секој нов ден генерира нови информации, па шпанските медиуми денеска објавуваат дополнителни детали во врска со оваа проблематика.

Според нив, новата понуда е од Абу Даби кој, наводно, понудил 75 милиони евра за организација на завршниот турнир од Евролигата во следните три години. Пред најавениот влез на Дубаи во елитното кошаркарско натпреварување, ова е уште еден обид со многу пари да се купи наклонетоста на оваа организација.

Останува одлука за ова да донесат европските клубови, а засега е јасно само дека Дубаи влегува во натпреварувањата на стариот континент преку Еврокупот.