
Македонија по четири години пак ќе има претставник во Евролигата?!
Оваа вест доаѓа и покрај неодамнешниот демант на првиот човек на евролигашката организација, Жорди Бартомеу, а во пресрет на состанокот на акционерите на Евролигата закажан за утре.
„Со Ц. Звезда и Партизан во финалето на АБА-лигата, речиси е сигурно дека последните три места во Евролигата ќе им припаднат на српските клубови и на Валенсија“, напиша Баркас.
Ако оваа информација се покаже за точна, тоа ќе биде првпат по пауза од пет години македонската кошарка да има претставник во најсилното европско клупско натпреварување, не сметајќи ги натурализираните играчи кои настапуваат за нашата национална селекција. Последен Македонец во Евролигата беше Перо Антиќ, кој во дресот на Ц. Звезда последен пат настапи во ова натпреварување во сезоната 2017/18.