Љуљ му донесе европска титула на Реал, па стана најдобар стрелец во историјата на „кралевите“

Ветеранот Серхио Љуљ, кој беше клучен за 11-та европска титула на Реал Мадрид на фајнлфорот во Евролигата во Каунас пред една недела, испиша нова историја денеска во триумфот на „кралскиот клуб“ против Гран Канарија со 95-68 откако стана најдобриот стрелец во историјата на „кралскиот клуб“

Љуљ за победата придонесе со 16 поени за десет минути на паркетот и со тоа дојде до магична бројка од 6.027 поени и за 10 поени го надмина досегашниот најдобар стрелец во историјата на клубот во кошаркарската АЦБ-лига на Пиринеите, Фелипе Рејес.

Џанан Муса даде 20 поени и беше најефикасен, а клучен период за победата на Реал во историскиот меч на Љуљ беше втората четвртина во која европскиот првак даде 29 поени и направи недостижна предност од 26 поени.