
Стравична повреда на Теодосиќ, главен виновник – налепницата на теренот (ВИДЕО)
Во последната минута од средбата, во која неговиот тим влезе со сигурно водство (88-81), искусниот плејмејкер се обиде да организира брз контранапад, но одеднаш левата нога му се лизна на налепницата со реклама на паркетот. Тој долго се превиткуваше, со болна гримаса и со офкање, држејќи се за коленото.
За тежината на повредата повеќе ќе се знае утре, за кога е закажано снимање, но со оглед на големата болка, лекарите не предвидуваат негово скорешно враќање во тимот. Бизарноста да биде поголема, Теодосиќ не е првиот кошаркар на Виртус, кој се повредува лизгајќи се на рекламната налепница, поради што тренерот Серхио Скариоло веќе побара сериозно да се разгледа употребата на ваков рекламен материјал, кој е опасен по кошаркар, а каков што не се користи во НБА.