Баерн Минхен со тројка во последна секунда го шокира Партизан (ВИДЕО)

Српскиот кошаркарски гигант Партизан го запиша и третиот пораз по ред во Евролигата, откако вечерва загуби од Баерн Минхен со 78-79 во 26. коло од елитното натпреварување.

Голема битка на паркетот во „Штарк Арена“ се водеше и вечерва, а по првите 20 минути водеше Партизан со 45-41.

„Црвено-белите“ имаа предност и од +10 (61-51), меѓутоа Баерн го засили темпото во последната четвртина и стигна до израмнување (72-72), а потоа во завршницата направи целосен пресврт и славеше со 79-78.

Најефикасен во победничкиот тим беше Франсиско со 20 поени, два скока и три асистенции, додека Пантер постигна 22 поени и три скокови за српскиот клуб.

Останати резултати:

Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 105-91
Басконија – Асвел 94-80
Милано – Реал Мадрид 81-76
Валенсија – Олипијакос 65-78