Врвни тренерски имиња во игра за наследник на Тодоров на клупата на МЗТ!

Најмалку четири балкански тренери со звучни имиња на просторот на поранешна СФР Југославија се во потесниот круг кандидати за нов тренер на МЗТ Скопје, откако стана јасно дека досегашниот прв стратег, Александар Тодоров, нема да продолжи да работи како предводник на шампионите.

Во моментов најголеми шанси за преземање на кормилото на тимот од „Јане Сандански“ има хрватскиот стручњак со босански корени, Дамир Мулаомеровиќ (фото), кој во минатата сезона работеше во таборот на хрватска Цибона. Покрај него, во игра за наследник на Тодоров, за чија оставка, која самиот ја најави по синоќешниот пораз од Работнички, управата на клубот денеска треба официјално да се произнесе, се и српските тренери Жељко Лукајиќ и Јовица Арсиќ, кој пред осум години беше селектор на репрезентацијата на Македонија. Еден од посериозните кандидати е и поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Алеш Пипан.

Инаку, најголема желба на управата на „металците“ за нов предвидник бил Душко Вујошевиќ, со кого беа направени разговори, но тој поради здравствените проблеми ја одбил понудата да седне на клупата на шампионот. Легендарниот црногорски стратег изразил жалење голем интерес за преселба во Скопје и жалење за пропуштената шанса со напомена дека остваца отворена можност соработката да се оствари откако ќе ги потсреди здравствените проблеми.

Секако, можно е во последен момент во игра да влета и некој македонски кандидат, но тоа нема да биде ниту еден од тие за кои денеска на големо се шпекулира во медиумите. Упрабвата на МЗТ Скопје нема многу време за решавање на овој проблем што значи дека најдоцна утре ќе се знае името на новиот тренер на клубот.

Ова е исклучително важно со оглед што аеродромци в недела треба да го одиграат најважниот меч сезонава во АБА-лигата, в недела на домашен терен против Морнар.