Трансфер-бомба: Гостивар се засили со репрезентативец на Македонија!
Искусниот плејмејкер изминативе две сезони ги мина во Романија и тоа во дресот на Питешти, каде што се очекуваше да остане и во следниот период. Но, тоа не се случи поради намалување на буџетот на овој тим, по што Костоски остана без ангажман. Летово беше поврзуван со враќање во Куманово, каде што со мали прекини настапуваше речиси четири сезони, но тоа не се случи.
Гостивар летово ја задржа главницата од составот од минатата сезона, а се засили со Американецот Фрустингер и младиот Шалев.